ВМРО-ДПМНЕ: На Македонија со власта на Ковачевски ѝ се случува стагфлација, вртоглав раст на цените, а во исто време стагнација на економијата

Власта на ДУИ и СДСМ со која администрира Ковачевски прави огромни штети на стандардот на граѓаните. Власта освен за личното богатење, не мрднува со прст да му помогне на народот. За две и пол години цените на горивата се покачени за 70 проценти, струјата е поскапа за 30 проценти,за година дека поскапе маслото за јадење за 40%, брашното за 38%, млекото за над 20%. Инфлацијата само во месец јануари е 6,7%, што покажува дека платите ја губат трката со растот на цените и народот ни осиромашува, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Над 500 илјади граѓани живеат со само 150 денари дневно, а според проценките на меѓународните институции над 35% од населението е во ризик од сиромаштија. Владата на Ковачевски не убедува дека блескаме исто како што не убедуваше и Заев, но резултатите се поразителни. Стандардот на граѓаните вртоглаво тоне како што вртоглаво растат цените. На Македонија и се случува стагфлација, комбинација од висока инфлација, високи цени и стагнирање на економијата. Резултатот од погрешните политики на владата на СДСМ и ДУИ е тројно поголемиот број на млади луѓе кои се иселени од Македонија последниве неколку години додека е оваа влада, во споредба со претходно. Тоа не им го говори само ВМРО-ДПМНЕ, тоа им го говори и ЕВРОСТАТ, но и граѓаните, велат од партијата.

Од таму додаваат дека со оваа власт ништо не може да тргне на подобро. Да можеа досега ќе направеа. Потребни се избори и промена на оваа неспособна и корумпирана власт на СДСМ и ДУИ кои народот го оставаат да тоне во сиромаштија.