ВМРО ДПМНЕ најостро го осуди вербалниот напад што денеска попладне се случил врз кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски во скопско Лисиче.
„Ги повикуваме институците веднаш да ги најдат и казнат сторителите. Се работи за изолиран случај кој треба и мора да се казни“, се наведува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ претходно соопшти дека Пендаровски бил вербално нападнат од, како што тие тврдат, партиски активисти.