СДСМ очекувано ја продолжува праксата наместо конкретна програма и проекти да презентира празни зборови и демагогија. Ете затоа СДСМ девет изборни циклуси по ред ја нема поддршката од граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција на Драган Тевдовски, според кој опозицијата е таа која што ќе создаде одговорна власт и европска иднина за Македонија.
Претстедателот на нивната комисија за економија, Драган Тевдовски требало да се потруди малку повеќе, да си ја научи материјата и да настапи со конкретни аргументи, а не на прес конференциите да наликува на неподготвен студент кој многу зборува, а ништо не кажува.
Граѓаните на Македонија знаат дека ВМРО-ДПМНЕ инвестираше во нови училишта, детски градинки, осовременување на наставата со компјутери, набавка на најдобрата стручна литература достапна во светот, нови студентски капацитети и реновирање на старите.
Граѓаните на Македонија знаат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ реновира болници и ги опремува со најсофистицирана опрема и гради нови амбуланти.
Граѓаните совршено добро знаат колку оваа власт инвестираше во културата. Се градат театри, се снимаат филмови, се вложува во музиката, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, оттаму додаваат дека во СДСМ владее крајна безидејност и мрзеливост, бидејќи во серија наместо продуктивни прес конференции тие „млатат празна слама“.