Народот не знае како да си ги плати сметките за струја, а Бислимоски откако му даде лиценца на синот на Заев се гоштева во скап ресторан во Дубровник, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ ја покачи цената на струјата за 30%. Граѓаните што плаќале 3.000 денари, сега плаќаат 4.000 денари. Хидроакумулациите се исцрпеа во ек на лето, а во сред грејна сезона РЕК Битола беше оставена со минимум јаглен на депонија. Сето тоа предизвика и до 50% од домашната потрошувачка на струја да се покрива со увоз на скапа струја, кога цената на истата рушеше рекорди на светските берзи. Заради неспособноста на владата народот едвај се снаоѓа да плати сметки, а профитираат само трговците со струја, бидејќи државата е увозно зависна повеќе од кофа било до сега. И додека народот се чуди како да плати сметки, Бислимоски му даде лиценца на синот на Заев за фирмата за трговија со струја, а иста таква фирма отвора и Кочо Анѓушев, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако ја донесоа државата во незавидна и зависна од увоз енергетска положба сега отвораат фирми за трговија со струја, а претседателот на РКЕ се гоштева по скапи ресторани надвор од земјата, додаваат од таму.