![pol-aaa-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/01/pol-aaa-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Власта на Заев со специјалци тепа граѓани на карневал, кои преку маски и хумор го исмеваат лошото владеење на СДСМ, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Прагот на толеранција кон секоја критика на СДСМ и на Заев е нула. Ова денеска во Вевчани беше приказ како функционира тоталитарен режим. Под наредба на Заев денес брутално и насилно стотина специјалци ги тепаше, апсеше и малтретираше граѓаните кои учествуваа на вековниот Вевчански карневал, меѓу кои имаше деца и стари лица. Тоа што не успеале разни поробувачи, во окупации и во комунизмот му успеа на Зоран Заев, да го прекине канревалот со ќотек и апсења. Зоран Заев и полицијата никаде ги немаше кога во Штип славеа на јавен простор и по кафаните функционерите на СДСМ и нивните пајташи, ама затоа се брутални со вевчанци. За Заев не е проблем кога се собираат владините функционери кои кршат мерки и на нив не смее ни да помисли да им прати специјална полиција, но затоа кога се граѓаните во прашање се фаќа за пендракот и удира, истакнуваат од опозицијата.
Македонците нема повеќе да го трпат насилието на Заев. За се следува казна, додаваат оттаму.