Паѓаат во вода и последните очајни обиди на СДС со лаги и манипулации да се обиде да добие поен плус кај гласачите. Се’што е направено е преземено согласно закон, за што е донесена и одлука на влада, и има позитивно мислење од законодството на владата на РМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Граѓаните видоа дека СДС за четири ипол месеци не направи ништо во насока на подобрување на нивниот живот, а се што прави е во насока на зголемување на своите лични сметки. Наводите изнесени од страна на Владо Бошњаковски се целосно неточни и претставуваат крајно тенденциозен обид во очи на изборите да се манипулираат граѓаните. Тоа е очаен потег на очајни луѓе. Според логиката на СДС, на Роберт Поповски, Цацко, Марјан Забрчанец, Зоран Бојаровски, Бојан Мричиќ, Петри Сарачини и Дарко Лешоски можат да му бидат советници и истите да бидат плаќани илјадници евра од парите на граѓаните, а Груевски не смее да има тројца советници кои донесоа нови 10.000 работни места. Додека скапо платената плејада на демаскирани граѓански активисти на Заев од државниот буџет цедат илјадници евра, без притоа државата да има реален бенефит од тоа. Ни самиот Бошњаковски не верува во тоа што го зборува и по одразот на лицето му се познава дека се што зборува го зборува под невиден притисок и диктат, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Скапо платените лаги на СДС со парите на граѓаните, не поминуваат веќе. Граѓаните ќе му кажат не на СДС на претстојните локални избори на 15 октомври“.