Нема бегање од судот на народот. Политичката криза креирана од СДСМ е пред разрешница. Ќе заврши на 24 април и тука веќе нема да може да помогнат ниту манипулациите ниту засолнувањето во институциите на најблиските послушници на Заев.
Oва се вели во соопштението што владејачката ВМРО – ДПМНЕ денес го упати до јавноста.
Во продолжение интегрален текст од соопштението:
Граѓаните во 2014 кажаа што мислат за политиките на СДСМ и истото ќе го сторат и на изборите во април наредната година.
Тоа е најголемиот страв на СДСМ.
Нема бегање од судот на народот. Политичката криза креирана од СДСМ е пред разрешница. Ќе заврши на 24 април и тука веќе нема да може да помогнат ниту манипулациите ниту засолнувањето во институциите на најблиските послушници на Заев.
Граѓаните знаат за запленувањето на половина тон кокаин, за акциите како Келија, Бумеранг, Планинска Бура. Граѓаните знаат за зголемувањето на сите социјални пакети и ќе направат разлика.
Паниката е очигледна.
Беше ветувано освојување на власта без избори. Пропадна и ова лажно ветување.
Просторот за маневрирање и манипулирање е стеснет. Се сведе на само 6 месеци. Македонија издржала и подолго под Бранко Црвенковски.
Македонија има сила да се справи и со актуелните наследници на истата политика.