ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Македонија е земја во која се плаќа најскапа струја во цел регион, но и нуди решенија за енергетската и економската криза

Граѓаните со оваа власт предводена од дезертерот Ковачевски се наоѓаат пред неизвесна грејна сезона. Едно е извесно, а тоа е дека за својот несупех власта ќе ги обвинува де опозицијата, де граѓаните. Последно е дека граѓаните се виновни за тоа што огромен дел од корисниците на централно парно во Скопје имаат ладни радијатори. На неспособна влада секој и смета, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека вистината е дека грејната сезона ги изненади пак.

– Секоја сериозна држава обезбедува ресурси на време, а нашата власт тоа го прави во последен момент со огромна незивесност како и дали ќе го направи тоа. Функционираат беспрекорно само кога се работи за крадење и местење на тендери.Затоа Македонија е земја во која компаниите плаѓаат најскапа цена за електрична енергија во цел регион. Ова е една од причиние поради која економијата ни има прогноза за најнизок раст во Европа (единствено полош раст од Македонија се очекува да имаат Русија и Украина). Затоа над 12 илјади компании ставиле клуч на врата за година дена, а со неодговорноста на власта во енергетска криза веројатно и уште неколку илјади други до крајот на годината, се појаснува во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека како одговорна и државотворна партија подаваат рака и нудат решенија за енергетската и економската криза во која се наоѓа државата.

– Тие се конкретни мерки за економијата и конкретна помош за енергетиката. Владата и Ковачевски треба да се одважат и да ги прифатат. Нивната самобендисаност ја донесе Македонија до амбисот. Време е да се вразумат, додава партијата во своето соопштение.