Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ- Гостивар организираше ифтарска вечера по повод рамазанските пости, во знак на почит кон нивните сограѓани муслимани.
Пред два дена Ифтар вечера организираше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Инаку, ВМРО-ДПМНЕ отворено во изминатиов период ја застапува политиката на инклузивност кон Македонците муслимани, но и припадниците на другите етнички и верски заедници. Во извршниот комитет на партијата освен припадници на Македонците муслимани, за прв пат беше именуван и член од турската етничка заедница, докторката Нермин Теловска.