ВМРО-ДПМНЕ од утре почнува со блокади на раскрници во Скопје и други 10 градови во државата, дознава НетПрес од партиски извори.
Партијата се одлучила на ваков чекор поради огромниот револтот кај народот предизвикан од актуелната состојба во Македонија и тајните преговори кои Зоран Заев и Владо Бучковски ги водат со Бугарија.
Како што дознава НетПрес, блокадите во Скопје ќе бидат на три раскрсници, во период меѓу 15 и 17 часот.
Блокадите ќе бидат на раскрсниците пред Мавровка, пред Собранието и пред зградата на Европската Унија.