Гледате дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ е на своите места како советници за да се одржи седница на Советот на Општина Штип. Меѓутоа иако на претходната седница укажавме на шверцерското однесување и донесување на одлуки за закажување на седници од страна на СДСМ, сепак сведоци сме и сега дека и денес и оваа седница во минута до дванаесет ја закажаа да биде онлајн, ова денеска преку заедничка изјава го истакнаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ во општина Штип.
-Без консултација со опозицијата, со ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Тие ја закажаа оваа седница само под една причина дека заради заштита на здравјето на луѓето поради корона вирусот. Короната на сите нивоа на власта овој момент е алиби на власта. На сите нивоа на власта. Значи и во Собранието сакаат да закажуваат онлајн седници, што не е уставно. А, овде минута до дванаесет сакаат на шверцерски начин, на еден нивен личен начин да ги донесат одлуките кои сакаат самите да ги донесат. Меѓутоа ВМРО-ДПМНЕ протестира на овој начин да работи, нема да ги прифаќа ваквите одлуки и нема да учествува во донесување на едни одлуки кои се донесуваат на овој самоволен начин, велат тие.
Од советничката група додаваат дека изгледа тие не можат да обезбедат мнозинство во Советот, како што не можат да обезбедат и мнозинство во Собранието на Република Македонија, па така на овој начин преку како што кажа колегата и од странство, и од дома од спалните соби, или од било каде да можат да се вклучат, да го добијат своето мнозинство и да ги донесат саканите одлуки.