Во време на СДСМ Македонија беше на дното на листата на Транспаренси Интернешенал. Нема човек кој не се срамеше од фактот дека корупцијата стана второ име за СДСМ и неговото владеење во Македонија. Откако СДСМ го нема на власт, Македонија минативе години напредуваше за 40 места на оваа листа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Интегрален текст од соопштението:
Во време на СДСМ Македонија беше на дното на листата на Транспаренси Интернешенал.
Нема човек кој не се срамеше од фактот дека корупцијата стана второ име за СДСМ и неговото владеење во Македонија. Откако СДСМ го нема на власт, Македонија минативе години напредуваше за 40 места на оваа листа.
Факт е дека граѓаните го гледаат аболицираниот криминалец Заев како бара евро за црквата и евро за Вицето.
Факт е дека граѓаните гледаат како за украдени 8 милиони евра аболицираниот криминалец Заев наместо да ја издржува казната во затвор и да ги врати парите, продолжува да сее деструкција, да ја пустоши земјата и да одржува состојба на криза и агонија.
Сето ова влијае на општиот впечаток, но сето тоа ќе се промени откако Заев конечно ќе мора да се појави на избори и да се соочи со казната од народот, и ќе мора да го признае поразот.
Потоа ќе мора да го врати секој украден денар од граѓаните и чесно да ги одлежи казните кои според заслуги му ги изрекуваат македонските судови.