![IMG-d291c166c0925afe33842762cfda8b9d-V](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/IMG-d291c166c0925afe33842762cfda8b9d-V.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во железници состојбите од секогаш биле предизвикачки и тешки, но никогаш како сега. Железница ги живее најлошите години од нејзиното функционирање.
За време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше поголем број на возни линии, имаше меѓународен воз, започна со градба на пругата Битола-Кременица, се градеше пругата према Бугарија, се купија нови возни гарнитури..
Сега „благодарение” на СДСМ-ДУИ состојбата во железници е следна:
-Изградената пруга Битола-Кременица не е пуштена во употреба.
-Прекината е градбата на пругата према Бугарија, процедурата за избор на нов изведувач трае предолго.
-Укинат е единствениот меѓународен воз.
-Укинати се неколку домашни возни линии.
-Веќе неколку месеци нема воз на релација Скoпје-Кичево.
-Исто така, нема воз и на релацијата Скопје-Кочани.
-Нема набавка на нови возни гарнитури.
Во минатото опозиционерот Благој Бочварски за истиот проблем со платата одржуваше пресови на Железничка станица Скопје и повикуваше за исплата на плати и потреба за нова Влада во Македонија…
Каде си сега Бочварски Благој да одржиш прес за исплата на плати и за потребата за нова Влада во Македонија?!?!, стои во нивниот пост на Фејсбук.