ВМРО-ДПМНЕ побара оставка од градоначалникот на Ново Село

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛА АНДОНОВ ПОД ИТНО ДА ПОНЕСЕ ОДГОВОРНОСТ!!!

Некогаш мултифункционалната и комплетно опремена спортска сала „Христо Татарчев“ денес се распаѓа целосно препуштена на забот на времето!

Искршени стакла, откорнати спортски реквизити, искинати мрежи, уништени санитарни јазли, опкружена со градежен шут од надвор и ѓубре на сите страни од внатре….се денешната реална слика на спортската сала во Ново Село!

Времето во кое овде се организираа спортски игри помеѓу училиштата, времето во кое оваа спортска сала беше отворена 24 часа и времето во кое овде младите се учеа на спортски бон-тон…за жал заврши, оставајќи ја зад себе само ужасната слика како сведок дека кадрите на СДСМ не само што не се способни да изградат, туку не се способни ни да го одржуваат изграденото!

Кој ќе понесе одговорност за ваквата негрижа?! Вака ли градоначалникот Никола Андонов стопанисуваше со својата фирма „Колид“ и ова ли е пример за неговото домаќинско работење?!

Ги повикуваме надлежните да побараат кривична одговорност од градоначакникот Никола Андонов за недомаќинско работење и негрижа за колективниот имот на општината!

Одгворност мора да има! Напишаа на Фејсбук од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.