ВМРО-ДПМНЕ побројни од СДСМ – пред Влада повеќе од 50 илјади граѓани (ФОТО)

Забележително е тоа што повеќе од половина од присутните на митингот се од Скопје и скопските општини, што е јасен знак како ќе гласа Скопје во недела. Скопје и скопјани се со јасен став, ВМРО-ДПМНЕ и Коце Трајановски се нивниот избор.

Ова е еден од најголемите митинзи на ВМРО-ДПМНЕ во историјата. Огромната поддршка помеѓу граѓаните и покрај тоа што партијата е во опозиција се должи на деталната економска програма и план за развој на државата соберен во стратегијата и планот наречен „Нова ера“ со која се предвидува  отворање на 150.000 нови работни места, подобрување на квалитетот на обрзованието и здравството, силна инфраструктурна поврзаност на сите краишта низ државата, како и држава интегрирана во ЕУ и НАТО.

Очигледно дека концептот на развој, со аргументирана економска програма ја доби довербата на граѓаните. Големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ кој надалеку го надминува митингот на СДСМ, е предвесник на изборниот резултат,  судејќи по бројноста на митинзите се доаѓа до логичниот заклучок кој е победникот на претстојните локални избори во недела.