0.8 C
Skopje
петок, ноември 8, 2024

ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка до ДКСК за фирмата „Бригада Дизајн“

Денеска сме пред Антикорупциската комисија и ќе поднесеме до истата Државната комисија за спречување корупција претставка за фирмата Бригада Дизајн ДООЕЛ Скопје, чиј директор и еден од сопствениците е Бојан Ивановиќ, советник од редовите на СДСМ во Град Скопје, ова преку изјава за медиумите го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фирмата на Бојан Ивановиќ, советникот и членот на СДСМ земала тендери од Фондот за иновации и Регулаторната комисија во висина од над 10 милиони денари, а јасно е каде е сомнежот и тоа веќе неколку денови го говориме, а од СДСМ и од власта има единствено молк. Најпрвин првите лица на институциите од каде ги земал тендерите се негови партиски другари односно сопартијци од СДСМ и Директорите на Фондот за иновации но и Марко Бислимовски кој е претседател на Регулаторната комисија за енергетика, а потоа имавме едно признание од актуелниот директор на Фондот за иновации Коста Петров дека практично не ги користи услугите на агенциите кои земале тендер во Фондот за иновации за маркетинг услуги, ами работи со сопствена продукција, што уште еднаш покажува дека фирмата на Советникот од редовите на СДСМ никој не знае што сработела во Фондот за иновации каде што земала во изминатите години неколку поединечни тендери во висина од над 1 милион денари или последниот тендер за кој што сите можеа да чујат и да видат во висина од 11.8 милиони денари, вели Арсовски.

Тој додава дека дополнително, бараме Антикорупциската комисија да се разбуди од зимскиот сон и да почне да работи, да не чека дозвола ниту од Љупчо Николовски, ниту од Зоран Заев, бидејќи би сакал уште еднаш да ги потсетам антикорупционерите, нивната претседателка дека се независно тело, а не тело кое треба да ги команда владата како што впрочем гледаме дека за жал сега се случува тоа и да отворат случај да ги истражат овие сомнителни тендери за кои што говориме неколку дена а има класичен молк кој што најверојатно значи потврда дека се фатени живи во сомнителен криминален тендер СДСМ.

-Во спротивно, уште еднаш антикорупционерите ќе покажат и докажат дека само се партиски привезоци на СДСМ и на власта и соучесници во криминалот на власта додека истата оваа власт предводена од СДСМ им ги крадат парите на граѓаните. Одговорност мора да има, а доколку антикорупционерите и понатаму спијат одговорност ќе сносат и тие, потенцира Арсовски.