ВМРО-ДПМНЕ:Портали блиски до СДСМ шпекулираат за градежна мафија

ВМРО-ДПМНЕ најостро го демантира натписот објавен на интернет порталите Мактел и Либертас под наслов „Градоначалник на голема скопска општина од ВМРО-ДПМНЕ вмешан во градежната мафија?!“ и го окарактеризира како груба манипулација и шпекулација од страна на портали блиски до СДСМ.

„Очигледно е дека станува збор за непрофесионален начин на пренесување на информации. Ги повикуваме новинарите во Мактел и Либертас доколку имаат било каква конкретна информација со име и со презиме, таа и да ја пријават до надлежните институции кои што се должни да постапуваат без разлика од тоа за кого станува збор, но и да објават во јавноста заради тоа што покрај политичката и кривична одговорност во таков случај постои и морална одговорност. Доколку не го направат тоа ова ќе биде само уште еден пример на исклучително непрофесионално и политичко партиско новинарство кое што повеќе пати го видовме од медиумите на СДСМ,“ реагираат од владејачката партија.