ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжи протестите за спречување на националниот срам кој и се подготвува на Македонија од страна на Зоран Заев и неговите соработници информира денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Андоновски информира дека протестите ќе продолжат се додека на тајни преговори се подриваат македонските национални интереси.
– Зоран Заев е таткото на спорот со Бугарија. Иако ја убедуваше македонската јавност дека со потпишувањето на спорниот договор повеќе немаме отворени прашања со соседите, очигледно е дека се отворија нови и досега неоспорувани теми. Република Македонија е блокирана. Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што сѐ се подготвени да прифатат од бугарската декларација рече Андоновски.
Тој го повика министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев.
– Доколку во истиот не се задира во македонскиот јазик, идентитет и историја, тогаш зошто Заев и Османи го кријат овој документ – рече Андоновски
Протестите продолжуваат утре од 17.00 часот пред МНР во Скопје.