ВМРО-ДПМНЕ: Режијата на драмата Мијалков е на Заев, дали беше намерно пуштен да направи театар пред камерите?

Коалицијата Заев – Мијалков се повеќе излегува на виделина. А доказите се на секаде. Мијалков се појавил во ЈО во 16 часот, а театарот пред камери го прави во 16.40 часот. Што правел Мијалков 40 минути и дали ЈО го пуштило да прави циркус пред камери? Мијалков наместо веднаш во куќен притвор глумел изненаден, и му правел на Заев простор за промоција, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Мијалков во ЈО е донесен со службен владин црн автомобил марка Фолксваген пасат? И каде бил претходно?

Две минути откако се снима Мијалков пред ЈО, Заев се јавува со фејсбук објава каде се фали дека тој вршел притисок Мијалков да се предаде.

Режијата е премногу очигледна. Заев и Мијалков се цело време во комуникација. А да не беше ВМРО, народот и меѓународната заедница Мијалков сега ќе беше на слобода, бидејќи тоа беше планот на Заев, за да можат да прават вештачка криза во ВМРО.

Планот на Заев пропадна. Одговорност мора да има за сите, па и за Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.