Десетти пат по ред народот ќе му каже на СДСМ дека со безидејност и ефтини обиди за манипулација не се доаѓа на власт, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.
Интегрален текст од соопштението:
Во соопштенијата на СДСМ може да се најдат многу занимливости.
Според овие соопштенија не треба да се вложува во нови студентски домови, болници, патишта, земјоделие, бидејќи сега не било време за тоа.
Според овие соопштенија кога некој се обидува да убие доктори со пиштол, тој е незадоволен граѓанин, а не криминалец.
Според овие соопштенија ВМРО-ДПМНЕ е виновно за плимата и осеката на планетата Земја.
Според овие соопштенија од Македонија заминале 626.312 луѓе за 9 години, секој трет човек во земјава фактички не е во земјава и Македонија имала 15 милиони жители во време на СДСМ, а сега има само 2,5 милиони бидејќи 626.000 луѓе биле една четвртина од Македонија. И оваа занимливост може да се најде во соопштенијата од Бихаќка.
Според овие соопштенија, во анкетите направени во централата на Бихаќка, секој втор член на СДММ сакал да си замине надвор од Македонија, а не од партијата која е безидејна и очајна и живее во светот кој си го пишува во секојдневните празни „ради реда“ соопштенија.
Според овие соопштенија ВМРО-ДПМНЕ нема рејтинг од 33,3% во споредба со мизерните 14,7% на СДСМ.
Според овие соопштенија Зоран Заев не е апсолутен светски рекордер во паѓање рејтинг со пад од 30% за само 4 месеци.
Надвор од светот на занимливостите на СДСМ, младите добиваат нови и реновирани студентски домови, бесплатен јавен превоз, мерки за самовработување со кои за краток период се вработени речиси 11.000 млади, добиваат намалување на партиципацијата за студирање од 1.400 на 200 евра, таблет уреди, лаптопи, нови објекти со најсовремено уредување и одлични услови за студирање.
Надвор од светот на занимливостите на СДСМ, оваа партија се обидува безуспешно да манипулира и девет изборни циклуси по ред губи убедливо од народот кого СДСМ го нарекува грешен, стока и стадо овци.
Надвор од светот на занимливостите со кој СДСМ се обидува да се анимира до 24 април, бидејќи капацитет и идеја за друга активност на Бихаќка нема, за само 129 дена доаѓаат избори. И тогаш, десетти пат по ред народот ќе му каже на СДСМ дека со безидејност и ефтини обиди за манипулација не се доаѓа на власт.