![vmro dpmne](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/vmro-dpmne.jpg?resize=680%2C365&ssl=1)
-Референдумот е врвна форма на демократско изразување на волјата на народот. Ниту едно прашање или процес не смее да биде исклучен од можноста да оди на референдум. Референдумот е апсолутна можност власта да го чуе и имплементира ставот на народот, вели ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
-Ако СДСМ и власта се убедени дека тоа што го прават со бугаризацијата на државата е исправно, тогаш каде е проблемот и зошто бегаат од референдум. Очигледно СДСМ и предавникот Ковачевски знаат дека народот е силно против бугаризација, и затоа бегаат од референдум. ВМРО-ДПМНЕ ја прифати референдумската иницијатива, и таа е начин на да се зачува јазикот, историјата и идентитетот. Народот мора да биде слушнат, стои во партиското соопштение.