ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги сака само медиумите во чија уредувачка политика постојано се меша

СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола и во чија уредувачка политика постојано се меша, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението:

Медиумите кои учествуваат во вандалските протести на СДСМ и Сорос продолжуваат со своето непринципиелно и неизбалансирано информирање во корист на измислиците од Фабриките за афери од Бихаќка.

Ниту Телма ниту 24 Вести не се заинтересираа да го прашаат Зоран Заев зошто не побарал укинување на аболицијата за случајот „Глобал“ со што останува единствениот политичар во Република Македонија кој е аболициран.

Но затоа на тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ во еден блок на вести и дебатни емисии на Телма и 24 Вести им беа доделени 4.800 секунди.

За СДСМ избалансирани и фер новинари се оние кои не пишуваат за скандалозната „платеничка револуција“ туку ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.

Минатиот месец СДСМ доби 172.383 секунди или речиси 50 часа во само еден програмски појас на овие телевизии за својата пропаганда од фабриките за афери. Од почетокот на мај на СДСМ му се отстапени 167.223 секунди во истиот програмски појас.

Порталите мегафони на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите соросови гласила кои ги шират лагите на СДСМ, вчера како и секој ден беа преполни со стотици текстови произведени во фабриките на Чауш и Заев.

СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола и во чија уредувачка политика постојано се меша.