ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев го претвориле КПУ Идризово во партиска месна организација

После скандалозниот партински митинг на СДСМ во затворот мора да има одговорност, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека во најмала рака од морални причини за ова уште вчера оставка требало да си поднесат министерката за правда Рената Дескоска Тренеска, под чија надлежност се затворите, директорот на Управата за извршување на санкции и директорот на затворот Идризово.

„СДСМ го претворил затворот во месна организација во која се одржуваат состаноци, се прават митинзи и се веат партиски знамиња на партијата. Затворениците се повикуваат на Заев, Шекеринска и други партиски функционери и вршат притисок врз лицата на издржување на казна во затворот да гласаат за СДСМ, што е невиден скандал“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги повикуваат сите надлежни институции соодветно да реагираат, да биде нотирано предвремен почеток на кампања на СДСМ во институција на државата и истиов настан да биде санкциониран.