Заев го копира ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во проектите.
СДСМ освен тоа што краде од граѓаните краде и проекти од ВМРО-ДПМНЕ. Автопатот Велес Прилеп Битола ќе го изгради ВМРО-ДПМНЕ. И кон тоа се обврзавме а денес тоа го вети и Заев со таа разлика што за 3 години не изгради ниту еден километар.
Освен тоа ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека: ќе изгради експресни патишта од Куманово – бугарска граница, Кочани – Штип, Штип – Радовиш, Струмица-бугарска граница, Кавадарци – Прилеп и Битола-грчка граница.
Дополнително во период од четири години предвидени се 1000 километри нов асфалт на регионалните патишта низ државата.
ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и остварува. СДСМ имаше три години и не направи ништо. Не би направиле и во иднина.
СДСМ лоповска нема кредибилитет.