ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ измислуваат нерегуларности во Теарце за да ги украдат изборите во цела Македонија

Срамно е што Петре Шилегов денес е во Теарце меѓу луѓето кои што неговата партија лажно сака да ги прикаже како фалсификатори и сторители на изборни нерегуларности, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Шилегов, Заев и СДСМ измислуваат нерегуларности во Теарце за да ги украдат изборите во цела Македонија. Шилегов, Заев и СДСМ сакаат со фалсификат и пост-изборен инженеринг во Теарце да ја одземат победата на мнозинството граѓани во Република Македонија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од партијата, останува на страната на народот, вистината, правото и правдата.