СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола. Тоа на граѓаните им е совршено јасно. Затоа ќе го казнат СДСМ 10-ти пат по ред кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори, се вели во соопштението што ВМРО-ДПМНЕ денес го упати до јавноста.
Интегрален текст од соопштението:
Со несмален интензитет продолжува непринципиелното и неизбалансирано информирање на дел од медиумите кои учествуваат во вандалските протести на СДСМ и Сорос.
Медиумите кои за опозицијата се „фер и балансирани“ како и вообичаено пропуштија да го прашаат Петре Шилегов и неговата сопруга која има примања од 11.000 денари како успеале да купат два станови вредни 160.000 евра минатата година.
Но затоа на тезите произлезени од фабриките за афери на СДСМ цо еден блок на вести и дебатни емисии на Телма и 24 Вести им беа доделени 5526 секунди.
Тоа е „избалансираното новинарство“ според СДСМ – окупација на медиумите и воспоставување тотална контрола врз нив. За СДСМ се најдобри новинарите и медиумите кои не известуваат за скандалите на СДСМ и за новите проекти и мерки кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.
За СДСМ се најдобри новинарите кои одат по кафеани со Зоран Заев и ги поддржуваат хулиганските насилни протести на СДСМ во кои се напаѓа полицијата, се уништува државен имот и се вандализираат споменици.
Минатиот месец СДСМ доби 172.383 секунди на ваките медиуми или речиси 50 часа во само еден програмски појас за својата пропаганда од фабриките за афери. Во текот на целиот месец оваа бројка неколкукратно се зголемува. Од почетокот на мај на СДСМ му се отстапени 145.921 секунди во истиот програмски појас за ширење на своите лаги и манипулации на овие две телевизии.
Соросовите портали-мегафони на СДСМ како Фокус, А1Он, Либертас, Плусинфо и другите задолжени за ширење на фабрикациите на Чауш и Заев повторно беа преполни со стотици текстови со измислиците на СДСМ.
СДСМ никогаш не сакал слободни медиуми, туку само слепи послушници меѓу медиумите. СДСМ ги сака само медиумите над кои има целосна контрола. Тоа на граѓаните им е совршено јасно. Затоа ќе го казнат СДСМ 10-ти пат по ред кога СДСМ ќе собере храброст да се појави на избори.