СДСМ панично се обидуваат да го одбегнат скандалот во кој се заглави Зоран Заев околу посетата во Израел, се вели во соопштението што денес владејачката ВМРО-ДПМНЕ го упати во јавноста.
Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ
На СДСМ сега им се виновни медиумите, а демант за ноторните лаги на Зоран Заев стигна дури и од официјален Тел-Авив, бидејќи државата Израел не може да помине преку безочните лаги на Заев.
Ова е една од ретките, ако не и единствена прилика државата Израел да реагира на вакво лажење на политичар од друга земја како ова на Зоран Заев кое има за цел да искористи една цела држава во својата дневна политика преку пласирани невистини, сакајќи да се претстави како реномиран доверлив политичар, наместо како манипулатор кому никој не му верува.
Ги повикуваме луѓето од СДСМ уште еднаш да го прочитаат соопштението од Израел во кое јасно се нагласува дека средбата била куса и куртоазна и било разговарано за општи прашања, без да се опфатат било какви финансиски и безбедносни теми.
Јасно и недвосмилено: На средбата се разговарше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговараше за било какви безбедносни или финансиски прашања, стои во соопштението кое го пренесе израелскиот амбасадор во Македонија Дан Орјан.
Ако не веруваат на официјалниот став на шефот на МОСАД пренесен од амбасадорот на Израел во Македонија и ако за нив официјалниот став на Тел-Авив е „нарачана манипулација“ од ВМРО-ДПМНЕ, во СДСМ нека ја пуштат и нека ја слушнат изјавата на Силван Шалом кој јасно кажа дека не навлегува во внатрешните политички прашања во Македонија.