ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се откажа од сопствениот народ

За само една година владата на СДСМ на чело со Зоран Заев ја брише вековната македонска историја и ја загрозува иднината на цела една нација, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними. Солун ќе остане Солун и за Србија и за Бугарија, но Македонците ќе мора да го викаат Тесалоники. Кукуш, родниот град на македонскиот великан Гоце Делчев, за учениците од Северна Македонија ќе биде Килкис. Воден – Едеса. Кутлеш – станува Вергина! Костур – Касториа! Сер – Серес! Тоа е бришењето на македонската нација.