Шилегов добил наредба да ја брка мувата од капата на СДСМ, а успева да биде само предмет за потсмев кога се труди да е патриот. Затоа Шилегов се обидува да го оттргне срамот на СДСМ од јавно декларираните ставови на партијата. Но, тргање на срамот не е можно. Не кога СДСМ се пазари со националните интереси на Македонија, се вели во соопштението што ВМРО – ДПМНЕ денес го упати во јавноста како реакција на изјавата на Петре Шилегов од СДСМ.
Интегрален текст од соопштението на ВМРО – ДПМНЕ:
СДСМ се единствени во Македонија кои се пазарат со националните интереси.
Народот не се чуди на вакво однесување на СДСМ, па затоа Петре Шилегов и СДСМ си ја тргаат мувата од капата.
Целата јавност ги знае ставовите на лидерот на СДСМ, медиумските перјаници и политичките идеолози на партијата.
СДСМ секогаш се пазарел со националните интереси и никогаш не застанал цврсто во одбрана на истите.
Секој знае дека СДСМ го смени знамето и СДСМ ја донесе срамната референца БЈРМ.
Зоран Заев изјави дека треба да ја свиткаме кичматата во спорот за името.
Зоран Заев на косовска телевизија, пред неколку месеци предложи да се воспостави Албанскиот јазик низ цела држава и да се изучува во градинките, основните и средните училишта во цела Македонија, вклучително и Струмица.
Љубомир Фрчковски промовираше идеја за поставување Албанец за премиер на државата.
Бранко Геровски, еден од главните советници во СДСМ, во својата колумна сугерираше да се размислува за федерализација на Македонија.
Затоа Шилегов добил наредба да ја брка мувата од капата на СДСМ, а успева да биде само предмет за потсмев кога се труди да е патриот. Затоа Шилегов се обидува да го оттргне срамот на СДСМ од јавно декларираните ставови на партијата.
Но тргање на срамот не е можно. Не кога СДСМ се пазари со националните интереси на Македонија.
За 149 СДСМ ќе го слушне гласот на народот по десетти пат по ред. На 24 април СДСМ ќе дознае што народот мисли за нивното пазарење со националните интереси.