![vmro-dpmne](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/vmro-dpmne-2.jpg?resize=604%2C364&ssl=1)
СДСМ се врати на местото на злосторот. Граѓаните не забораваат дека СДСМ и Заев пред три години излажаа во Арачиново дека ќе вработат 200 пилоти. По таа лага денеска без никаков срам одат и ја бараат довербата од тие граѓани, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Повеќе од јасно е дека СДСМ оди помеѓу народот само пред избори само за да добие некој глас повеќе. СДСМ не направи ниту канализација, а не пак некој покрупен инфраструктурен проект. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази, истакнаа од партијата.
Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова! Додаваат од таму.