ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во својата програма ветија „Македонија без кал“ и не ја остварија

Градоначалниците на СДСМ едноставно не знаат да искреираат политики и програми со кои ќе ги придвижат кон прогрес општините кои ги водат. Градоначалниците на СДСМ во сериозна мера потфрлија и не ги исполнија ветувањата дадени кон граѓаните на претходните локални избори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Нивното неработење дојде до израз уште кога првиот пат добија финансиска помош од Владата и никој не виде никаков ефект од таа финансиска инвестиција. Напротив, успеаја да ги задолжат општините уште повеќе. Бомбастичните ветувања на претходните избори се само бледа сенка на реализираното. Нема реализација на нови улици и булевари, фекалните и атмосферските канализации дојдоа на последно место а единствено на што се фокусираа градоначалниците на СДСМ беше насилната бетонизација на и онака малата површина на зеленилото, реагираат од партијата и додаваат:

„Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски наместо да се фати за работа и да се грижи за реализација на капиталните проекти од интерес за Македонија и да работи за завршување на автопатот Кичево кон Охрид, автопатот Скопје кон Блаце, пругата кон Бугарија, експресниот пат Штип – Радовиш, гасификацијата на Македонија и многу други, тој оди да тера политичка кампања за локални избори по општините запоставувајќи ја онаа работа за која е платен од граѓаните. Политиката ја ставаат пред работата.

И затоа оваа влада предводена од СДСМ не бележи никакви успеси на ниедно поле во инфраструктурата. На овој состав на градоначалници на СДСМ колку и да им се помага финанскиски резултатот од нивното работење ќе биде само дивоградби, бетонизација и штетни ДУП-ови за граѓаните во општините.

На следните локални избори наесен ќе започнат промените на штетните политики предводени од СДСМ“.