ВМРО ДПМНЕ: Шеќеринска е фатена на дело и нема одговор

Трет ден Радмила Шекеринска зборува за се, но не дава одговор на прашањата кои и беа поставени, се вели во реакцијата од ВМРО ДПМНЕ.

„Шекеринска сама се заплетка, фатена е на дело и нема одговор на прашањата каков е договорот со кој наплаќа кирија за својот стан од 5317 евра. Дали оваа цена е пазарна, колку данок плаќа и како може да наплаќа кирија за стан кои што е во нивна сопственост и живеат во него? Ја повикуваме Радмила Шекеринска да престане да ги избегнува одговорите на овие прашања и да зборува за се друго. Редно е Шекеринска да одговори на сите прашања кои ја интересираат македонската јавност“, се вели во писмената реакција на владејачката партија на нејзината изјава.