![Capture](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/09/Capture-7.jpg?resize=630%2C394&ssl=1)
Сидрото на Заев го потонува бродот со кој плови македонската економија!, велат од Комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.
-Аѓнушев на вчерашната прес конференција се обиде да ги прикрие погубните ефекти од катастрофалните економски политики на оваа неспособна Влада со тврдење дека растот е солиден и дека македонската економијата започнала да плови во мирни води.
Водите можеби се мирни, но сидрото што Заев и Анѓушев гo пуштија во тие мирни води со нивните катастрофални економски политики повеќе од сигурно ќе го закотви и потоне бродот на кој плови македонската економија.
Стапката на раст од 3.1% во вториот квартал од 2019 година што вчера ДЗС го објави е далеку од најавите дека ова ќе биде економска година. Овој раст спореден со растот што бил остваруван во период на некои претходни Влади и споредено со растот на земјите во регионот остварен овој квартал е значително понизок.
Сепак, она што повеќе загрижува е економскиот модел на кој почива овој раст. Имено, показателите покажуваат дека растот е воден исклучиво од државна интервенција базирана на неодржливи и чисто популистички мерки. Потврда за тоа е фактот што дури 80% од растот е воден од финалната потрошувачка што е директно стимулирана од државата преку буџетот.
Од друга страна, преработувачката индустрија и продутктивните сектори како потенцијални мотори за одржлив раст на економијата бележат значителен пад. Имено, преработувачката индустрија бележи пад од 2.1%, додека ИТ секторот како најпродуктивен сектор бележи пад од 4.6%.
Дополнително, опаѓа продуктивноста во економијата за 2.2% (износот на реален БДП по работник е намален од 144.436 денари во втортиот квартал од 2019 година на 141.535 денари во однос на истиот период лани) и се продлабочува јазот во нето-извозот (негативниот износ на нето-извозот пораснал од -19.092 милиони денари во вториот квартал од 2019 година на -21.396 милиони денари во однос на истиот период лани). Тоа е јасен сигнал дека македонската економија ја губи својата конкурентност и дека квази економските политики на двоецот Заев-Аѓнушев имаат негативни ефекти за развојниот потенцијал на економијата.
Неопходен е нов концепт и визија за водење на економијата!
ВМРО-ДПМНЕ подготвува нова развојна стратегија која реално и вистински ќе го подобри животниот стандард на македонските граѓани, стои на нивната Фејсбук страница.