Македонската економија е пред колапс и веќе ги чуствува последиците на наводниот живот. Македонија влегува во зона на инфлација, животот станува сѐпоскап и тоа го потврдува статистиката, инфлацијата во август изнесува 1.9 проценти, што за граѓаните значи дека за основите потреби како што е храната тие веќе плаќаат повисоки цени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Доколку го земеме и фактот дека Македонија веќе длабоко навлегува во рецесија со пад на бруто домашниот производ од 1,8 проценти за последниот квартал. Ситуацијата со македонската економија е загрижувачка, а македонскиот народ е тој што ќе ги трпи последиците. Македонскиот народ ќе плаќа повисоки цени за основните прехрамбени продукти благодарение на инфлацијата, благодарение на рецесијата во која ја донесе СДС македонската економија, македонските претпријатија ќе трпат, а граѓаните ќе ги загубат своите работни места, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Газда Кочо и милионерот Заев како и нивните деца нема да трпат за леб, тие ќе продолжат да се возат во своите скапи автомобили и да ги споделуваат сликите по социјалните мрежи од екслузивните локации на кои тие патуваат. Македонскиот народ и особено социјално ранливите категории на граѓани ќе бидат први на удар и ќе ја плаќаат цената на неспособноста на СДС, Тевдовски, Анѓушев и Заев“, се педупредува во соопштението.