Во тек е јавен повик за кандидирање на членови во Републичките комисии на УМС, ова преку својот Фејсбук профил го објави претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.
Сите кои се согласуваат со политиките ВМРО, визијата за развој на Република Македонија, како и оние кои се чувствуваат подготвени своето знаење да го вложат во напредокот на државата, се добредојдени и имаат подеднакви шанси за избор, стои во неговиот повик.