ВМРО-ДПМНЕ со квалитетна програма, СДСМ повторно со безидејност

Во програмата „Проверено“ на ВМРО-ДПМНЕ се опфатени мерки како неколкукратно зголемување на платите, пензиите, социјалната парична помош. Раз­ли­ка­та и ос­твар­ли­во­ста ме­ѓу еко­ном­ска­та по­ли­ти­ка и про­е­кти на по­зи­ци­ја­та и опо­зи­ци­ја­та е по­ве­ќе од очиг­лед­на. До­де­ка ВМРО-ДПМНЕ ги има оп­фа­те­но си­те ка­те­го­рии гра­ѓа­ни и ин­ве­сти­ции од си­те се­кто­ри, од па­ти­шта, же­лез­нич­ки и пло­вен со­о­бра­ќај, ави­о­со­о­бра­ќај, гра­де­ње, ур­ба­ни­зам, енер­ги­ја, СДСМ ане­мич­но се освр­ну­ва са­мо на не­кои се­кто­ри во кои ќе ин­ве­сти­ра, но без де­та­ли ка­ко и ко­га ќе го на­пра­ви тоа, пишува Курир.

Вистинско изненадување предизвика мерката од прграмата на ВМРО-ДПМНЕ за отпис на заостанатите долгови за сметки на граѓаните, како и новите зголемени субвенции за земјоделците. За помладите ќе се продолжи со проектот компјутер за секое дете, но овој пат ќе се дели таблет за секое дете.

Покрај автопатите Демик Капија- Смоквица, Скопје- Свети Николе- Штип и Кичево- Охрид, има и други како изградба на 30 патни правци, изградба на пет експресни патишта и 122 локални патишта од вкупна должина од 200 километри. Ќе се инвестира и во изградба на железница кон Бугарија, нови вагони, како и изградба на училишта и градинки.

-Јас доаѓам со 2046 проекти, ама доаѓам исто така и со неколку илјади завршени проекти. Ветени и реализирани. Тоа ни е најголемиот капитал, најголемата гаранција. Отчетот е гаранцијата  дека новата програма ќе се заврши. Затоа што ние излеговме со отчет и во 2008-ма и во 2011-та, ова е сега од 2014-та. Тоа ни е гаранцијата дека оваа програма со 2046 проекти ќе ја завршиме. Дајте сите да ја концентрираме енергијата кон онаа политичка  гарнитура која има најквалитетна програма, вели Груевски и додава дека за ветените 2046 проекти има конкретни рокови до кога треба да се исполнат и колку средства ќе бидат потребни.

И според аналитичарите ова е најквалитетната програма на политичката сцена.

Во оваа из­бор­на про­гра­ма се по­ну­де­ни ни­за стра­те­шки при­о­ри­те­ти и пла­но­ви за на­ред­ни­те че­ти­ри го­ди­ни, кои се рас­про­стра­не­ти на не­што по­мал­ку од че­ти­ри­сто­ти­ни стра­ни­ци. При те­мел­на­та ана­ли­за на по­ну­де­на­та из­бор­на про­гра­ма од стра­на на ВМРО-ДПМНЕ јас­но се по­ка­жу­ва кон­ти­ну­и­ра­но­то раз­ви­ва­ње на си­те оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки сфе­ри и во нив е имп­ле­мен­ти­ран комп­лет­но нов, свеж и рас­теч­ки дух со кој оваа по­ли­тич­ка пар­ти­ја цвр­сто и ви­зи­о­нер­ски че­ко­ри кон ре­а­ли­за­ци­ја на акту­ел­ни, но и кон ид­ни раз­вој­ни це­ли кон кои сме­та­ат де­ка тре­ба да се стре­ми Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, смета До­цент до­ктор Иван­ка До­дов­ска од Прав­ни­от фа­кул­тет

Наспроти ова, СДСМ не излезе со конкретна програма. На митинзите се говори за се’ друго, само не за проекти. Концетрирани се на напади и обвинувања, граѓаните не слушнаа ништо конкретно до сега.

-Мора да се победи оваа недемократска власт. Во име на граѓаните, со задоволство можам да констатирам, тоа што го чуствувавме на сопствена кожа, повеќе нема да го потиснуваме. Нема веќе да премолчуваме, на овие избори тоа ќе го спречиме, ќе победиме. Цврсто сме решени да ја вратиме државата на граѓаните. Може да се врати и меѓународниот углед на земјата, може да станеме членка на НАТО и на ЕУ без да се промени името, вели Заев во своите говори.

За многуммина, ова е реазултат на погрешен концепт кој го застапува СДСМ. Граѓаните пред се’ сакаат да слушнат што политичарите имаат да понудат, проекти и визија. Познавачите сметаат дека СДСМ во­ди мно­гу по­ве­ќе не­га­тив­на од по­зи­тив­на кам­па­ња, мно­гу вре­ме и енер­ги­ја тро­ши во ана­ли­зи­те на тоа ка­ко вла­дее ВМРО-ДПМНЕ и кои се не­го­ви­те гре­шки откол­ку што се по­све­ту­ва на сопс­тве­на­та про­гра­ма, на сво­ја­та ви­зи­ја.