ВМРО-ДПМНЕ: Со ставањето на европското знаме на законите за изградба на коридорите 8 и 10Д власта сака само да си го озакони криминалот

Власта на ДУИ и СДС го злоупотребуваат го европското знаменце за законите за изградба на коридорите 8 и 10Д за озаконување на криминалот кои го прават.

Нема ниту „Е“ од европско во законите кои ДУИ и СДС ги предложија во Собранието. Истото ова го потврдија и од Европската унија укажувајќи на непотребната злоупотреба на институтот „европско знаменце“

Измените на законите немаат ништо заедничко со евроинтеграциите, немаат заедничко ниту со европското законодавство и европските принципи.

Напротив, измените на законот за работни односи каде што работно време се зголемува од 40 часа на над 60 часа работна недела, не е европски. Исто така не е европски ниту законот за градење каде што е врши израмнување на легалните и нелегалните објекти при нивна експроприација.

Владата на ДУИ и СДС веќе почна да исплаќа пенали за коридорите 8 и 10Д, а истите немаат ниту проект, ниту траса каде ќе се градат, ниту пак има некакви градежни активности.

Затоа веднаш власта на ДУИ и СДС треба да го објави договорот кои го имаат потпишано на увид на македонската јавност.

Над 300 милиони евра криминалците од ДУИ и СДС ќе исплатат на име провизии, пенали и аванси, а нема ниту 1 м2 асфалт ставено.

Наместо 300 милиони евра да бидат вложени во рурални средини за потребите на граѓаните и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, Груби и Ковачевски ги крадат.

Единствено што видоа граѓаните од досега платените над 300 милиони се само фотографирање пред таблите поставени во „чест“ на криминалот кој го прават и мавтање со знаменца од страна на кукавицата Димитар Ковачевски.

Сликање и потоа оставање на празни ливади и табли кои ќе служат за потсетување на граѓаните за украдените пари.

Одговорност за овој епски криминал кои го прават Груби и Ковачевски ќе има многу скоро. За секој денар украден од граѓаните под превезот на„ строго доверливо“.