ВМРО-ДПМНЕ: Срамно е Каевски да излезе на прес-конференција и да се тера гол популизам на грб на граѓаните

Системот во Република Македонија колабира. Секојдневно се зголемува бројот на инфицирани и починати. Медицинскиот персонал се повеќе се заразува од корона вирусот бидејќи работи без опрема која треба да го заштити, a танчерот Зоран Заев и неговите мегафони секојдневно се фалат како блескаaт. Денес на танцот на Зоран Заев му се придружи и Дарко Каевски се вели во реакцијата ва ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски.

„Срамно е да се излезе на прес-конференција и да се тера гол популизам на грб на граѓаните. Мерките на Владата се неиздржани и нереални. Додека граѓаните се соочени со пандемијата и економската криза, Владата дели пари на СЈО. Квази мерките кои ги предлагаат не се доволни и не се никаква помош за граѓаните на Република Македонија. Цели сектори остануваат надвор од опсегот на мерките и нема да можат да аплицираат за помош“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Бараме итно да се прифатат мерките на ВМРО-ДПМНЕ, субвенционирање ма 50 отсто од платите на работниците и придонесите за истите. Дополнително пренасочување на средствата од вториот пензиски столб, што значително ќе ја пополни буџетската дупка. Граѓаните не смее да страдаат заради економската неписменост на СДСМ“.

Каевски на денешната прес-конференција рече дека сите ангажирани во клубовите по било каков основ, вработени или со хонорарни или друг вид на договорои ќе можат да бидат корисници на мерките на Владата за олеснување на кризата од 14.500 илјади денари за април и за мај. Сите кои сакаат да ја користат оваа мерка ќе треба да се пријават на Апликацијата која ќе биде поставена на официјалните страници на Агнецијата за млади и спорт и на сите спортски федерации. По пополнувањето, апликацијата треба да биде доставена до матичната спортска федерација, а од таму проследена до Агенцијата за млади и спорт.

Директорот на агенцијата за  млади и спорт објави и дополнителен пакет мерки за помош. 14.500 денари помош ќе добиваат клубовите кои  имаат регистрирано најмалку 40 спротисти во младинските категории во индувидуалните спортови и најмалку 80 регистрирани спортисти во малдинските категории во екипните спортови.

Агенцијата ќе ги финасира и програмите за подогтовки и за настапи на натпреварувања на врвните индивидуални спортисти во олимписките спортови, ќе иницира 50 проценти намалување на цените за корситење спортските објекти и ќе обвозможи ослободување на клубовите од плаќање на котизации и чланарини за 2020 година.

Каевски објасни и дека продолжува важењето на спортските ваучери, но со оглед на намалениот финансиски потенцијал на компаниите кои треба да бидат помагачи на спортот и на спортистите преку реализацијата на ваучерите, најави дека АМС и Владата во идниот период ќе за заложат за подобра реализација на оваа мерка.