Транспаренсност Македонија секојдневно потврдува дека работи како мегафон на СДСМ и по нивна задача излегува со нарачани плукања во јавноста, а сето тоа го наплатува со дебели хонорари од СОРОС.
Ова стои во соопштението што денеска владејачката ВМРО – ДПМНЕ го упати во јавноста. Во продолжение проследете го интегралниот текст од соопштението.
Транспаренсност Македонија секојдневно потврдува дека работи како мегафон на СДСМ и по нивна задача излегува со нарачани плукања во јавноста, а сето тоа го наплатува со дебели хонорари од СОРОС.
Очигледно дека за Транспарентност Македонија не побудуваат доволен интерес јахтата со грчки знамиња на Радмила Шекеринска или пак луксузните одмори од неколку десетици илјади евра која таа ги тера цело лето.
За Транспаренсост Македонија не е вест ниту огромното богатство на Зоран Заев како и криминалните тендери и исплати по едно евро кај Вицето.
За оваа т.н. невладина организација не е случај ниту златото, накитот, часовниците и сликите на Петре Шилегов во вредност од над 200 000 евра или неговите исплати на кирии за имот кој не постои.
На јавноста и е кристално јасно дека Транспаренстнот Македонија не се занимава со ништо друго туку со продолжување на лагите кои СДСМ ги пласира, овојпат во облик на извештаи.
Впрочем Транспаренстност Македонија не е ништо туку експозитура на СДСМ во која членуваат видни членови и активисти на оваа партија. Да потсетиме дека во Транспаретност членуваат Гордан Георгиев, Ѓунер Исмаил, Сашо Ордановски, Дане Талески, Ванчо Узунов, Марјан Забрчанец и уште неколку други видни членови на СДСМ и платеници на СОРОС.
Тоа се истите ликови кои наутро членуваат во Транспаренстност, до пладне се експерти на СОРОС и членови на десетина други невладини организации, а невечер се активисти на СДСМ.
Граѓаните ја имаат одамна препознаено оваа мрежа на СДСМ и СОРОС која има за цел да шири манипулации во јавноста и да промовира чисто партиски ставови.