Шефот на државата Стево Пендаровски посочи дека лично не се познавал со луѓето со кои се фотографирал стоечки, со што јасно објасни која е разликата во случајна средба и седење на софри со криминалците и бегалците од правдата. Ова предочување е префрлање на топката кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Зоран Заев кои бегаат од јавноста, за да не одговорат што договараа на средбите со нарко босовите од Грчец и Арачиново, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
„По обелоденетите фотографии нема човек во Македонија кој не се прашува кој е поголем криминалец, нарко босовите или владините функционери. Повторно го прозиваме јавно Спасовски и Заев да и кажат на македонската јавност дали лично се познаваат со нарко босовите со кои се фотографираат во слободно време? Блискоста на власта со мафијата укажува на тоа дека функционерите на СДСМ немаат никаква намера да го решаваат криминалот во земјава туку да ги зголемуваат криминалните дејствувања, договарајќи бизниси со нив“, потенцираат од партијата.
Од таму прашуваат дали го најде ли кртот во МВР Спасовски или тој лично се погрижил криминалците да бидат известени за акцијата?