Љупчо Николовски Путерот, како путер низ раце му се промакнале низ државните институции 464 договори во четири очи за набавки за кои се потрошени 11 милиони евра, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Љупчо Путерот лови расипан путер, министрите и директорите штанцале договори во четири очи.
Од тие 11 милиони евра дадени во четири очи, само 2.4 милиони евра биле за набавки поврзани со КОВИД 19, другите над 9.5 милиони евра за останати работи не поврзани со пандемијата.
Доколку ја погледнеме листата на институции кои склучувале договори во четири очи ќе видиме дека први се Клиниката за трауматологија, Министерството за здравство, Здравствениот дом Скопје.
Здравството трошело најмногу пари, за договори во четири очи, но сам мал дел од парите се потрошени за борбата против пандемијата.
На што биле трошени пари во здравството, а во исто време не ги исполнуваме критериумите за помош од ЕУ?! Дали наместо во борба против пандемијата, се распишувале тендери за се и сешто, само не за средства кои се потребни во борбата против КОВИД 19?!