
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи настан на централниот плоштад во Штип.
Од партијата најавуваат дека настанот ќе започне во 19 часот.
„На централниот плоштад во Штип ќе се одржи настан – Промоција на политики во врска со локалната самоуправа при што ќе се обрати претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“, велат од партијата.