Претставнците на ВМРО-ДПМНЕ, наверојатно, нема да присуствуваат на утрешната координaциja кај нелегално избраниот Талат Џафери, дознава Република од свои извори.
За ВМРО-ДПМНЕ тој е само пратеник и е избран во незаконска постапка.
„Тој е во моментов, а веројатно така ќе остане и натаму, е узурпатор на позицијата претседател на Собранието. Тој за нас може да биде само пратеник, тука е избран легитимно од граѓаните и ние тоа не го оспоруваме. Но, претседател на Собрание не може да биде наречен затоа што е избран на целосно незаконски, неуставен и неделовнички начин“, рече претодно викендов претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Инаку утрешната координација Џафери ја свика со цел да најде решение за мандатот на локалната власт.