7.8 C
Skopje
понеделник, јануари 27, 2025

ВМРО-ДПМНЕ ветува реализација нa автопатот Градско- Прилеп- Битола- граница со Грција

Носителот на листа во изборната единица 4, Александар Николоски ветува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја возобнови инфраструктурата и ќе се обврзе за стратешки најбитниот автопат во Македонија, автопатот Градско- Прилеп- Битола- граница со Грција.

Николоски на својот фејсбук профил вети дека ќе го поправи пустошот кој СДСМ го остави зад себе.

– Ветуваа изградба на автопатот Прилеп – Градско. Како и за се друго, излажаа, па во моментов изградбата е запрена.  СДСМ остави пустош и не реализира ниту еден голем инфраструктурен проект. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на реализација нa стратешки најбитниот автопат за Македонија, автопатот Градско- Прилеп- Битола- граница со Грција!, напиша Николоски.