![Vice so familijata](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/07/Vice-so-familijata.jpg?resize=682%2C506&ssl=1)
Срамота е СДСМ да се фали дека купиле 40 дрегери, во услови кога издале пасоши 215 наркобосови и се уште нема разрешница, велт од ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски го урна кредибилитет на полицијата. Мафијаши од цел свет добивале пасоши со македонски идентитет, а Спасовски наместо да си даде оставка го пушта Каевски да го фали дека купил 40 дрегери.
Вице мистериозно исчезнува од пријава за рекет во РЕК Битола, а Каевски го фали Спасовски дека купил чизми.
Нашите стратешки партнери забележуваат дека нема ефективна борба против криминалот и дека одговараат само ситни риби, додека луѓето од врвот остануваат нечепнати, а Каевски го фали Спасовски.
Толку се очајни во СДСМ, што следно може да се пофалат дека купиле 20 пенкала.
Време е срамењето на службата и државата да запре. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!