ВМРО-ДПМНЕ: Видовме како изгледа уценет човек, методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Реџепи нe се демократски, уште помалку се европски

Така изгледа уценет човек кој има многу противречности во својата приказна и човек на кој личниот интерес му е пред колективниот. Ако ДУИ и СДСМ се европската вредност во која Кастриот Реџепи верува тогаш Европска Унија ја боли глава од Кастриот, ДУИ и СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кастриот Реџепи прво самоволно стави потпис за пад на владата на СДСМ и ДУИ, а потоа откако исчезна повеќе од 10 часа го смени ставот и ДУИ и СДСМ му станаа пример за вредности.

Методите со кои СДСМ и ДУИ го премислија Кастриот ниту се демократски, ниту се европски, туку се режимски.

Власта која Кастриот привремено ја спаси го изгуби легитимитетот да владее со Македонија и нивниот пад е неизбежен. Реалноста е дека граѓаните се одлучија за промени и затоа единствен излез од оваа криза и единствен спас за Македонија се брзи предвремени избори после кои ќе се формира стабилна влада која ќе ја извади Македонија од оваа безизлезна ситуација и ќе тргнеме напред“ – се наведува во партиското соопштение.