
ВМРО-ДПМНЕ овој викенд прославува 27 години од постоењето на политичката партија или 124 години од основањето на Организацијата. Како и секоја година и овој пат значајно ќе го одбележиме, информираше Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во Вестите на Телевизија Нова.
Во текот на следните неколку дена партијата планира повеќе активности.
Ристовски истакна дека во текот на утрешниот ден е планирана панел дискусија на тема „Економија и инвестиции“, која ќе се одржи во попладневните часови и која ќе биде отворена за јавноста.
-Исто така во петок е планирана уште една панел дискусија која што ќе биде на тема „Инфраструктура и инвестиции во инфраструктурата во изминатиот период од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ“. Во сабота, на 16 јуни ќе го одбележиме роденденот на партијата или 124 години од Организацијата во 19 часот на просторот зад Музејот на жртвите од комунистичкиот режим и Музејот на ВМРО, појасни Ристовски.
Тој ги покани сите симпатизери и поддржувачи да присуствуваат на роденденската забава.