СДСМ и нивните коалициски партнери со сопствената неспособност го загрозија здравјето на граѓаните и животната средина ризикувајќи ниетда ја претворат Струга од бисер на Охридското езеро во депонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се посочува дека владата предводена до СДСМ дозволила граѓаните на Струга да го дишат штетниот воздух десет дена.
Со самото гасење на депонијата нема да се реши овој проблем, продолжуваат од ВМРО-ДПМНЕ и посочуваат на опасноста таа повторно да се запали, а истовремено и оти постои ризик да ја контаминира земјата и подземните води кои се влеваат во Охридското Езеро и во реката Црн Дрим.
„Владата на СДС не ги сослуша барањата на граѓаните бидејќи приоритет им е креирање црни сценарија за раководството на ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во реакцијата.
Се потсетува дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, во четвртокот побараа по итна постапка да се одржи седница на којашто ќе се разгледува алармантната состојба во Струга, но оти спикерот Талат Џафери се обиде да ја замолчи расправата и да не дозволи процедурални забелешки на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
„Време е СДС да почне да работи бидејќи ја води владат… Граѓаните со нетрпение очекуваат СДС да ги исполни дадените ветувања“, се додава.
Се посочува дека граѓаните ги очекуваат 16.000 денари минимална плата и 30.000 денари просечна плата, додека лекарите ја чекаат платата од 100.000 денари. Тука е и ветувањето за 30.000 денари кои граѓаните треба да ги добијат како поврат на ДДВ и еден од носечките проекти новите 500 километри автопат.
„Граѓаните сакаат работа и посветеност, како што тоа го правеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се заклучува во реакцијата.