Картелот кој ја води Република Македонија наречен СДСМ неосновано и во континуитет се задолжува. Денес државата се задолжи за 58.5 милиони евра. Ова е второ задолжување во април, откако од почетокот на месецот владата зема 29 милиони евра, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека СДСМ откако се дојдени на власт до денес земаа над 1.65 милијарди евра кредити. Додека нивото на нето долгот го зголемија за 566 милиони евра. Задолжувањето не запира и од месец во месец е се поголемо.
Картелот ја лаже јавноста и го крие вистинскиот долг. Картелот крие дека нивото на државниот долг надмина 4 милијарди евра. Картелот лаже и ја манипулира јавноста и го крие овој податок од граѓаните. Картелот лаже дека нивото државниот долг е 3 милијарди и 958 милиони евра, а тој достигна 4 милијарди и 20 милиони евра. Зошто лажат и зошто ја манипулираат јавноста? До кога ќе продолжи ова неосновано задолжување и расипничко однесување со парите на граѓаните? Картелот исто како и со државниот долг манипулира и со висината на јавниот долг. Имено манипулираат дека нивото на јавниот долг е 4 милијарди и 786 милиони евра, бидејќи го пресметуваат како процент врз основа на лажно проектираниот БДП од 10 милијарди и 250 милиони евра. Вистинската големина на БДП е 10 милијарди и 66 милиони евра, а вистинскиот јавен долг изнесува 4 милијарди 871 милиони евра, се вели во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека картелот ја крие вистината за јавниот и државниот долг и манипулира со бројките и процентите.
Картелот прикрива 85 милиони евра од јавниот долг и 62 милиони евра од државниот долг. Јавниот долг изнесува 47.55%, а државниот долг 39.32%. Со ваквото темпо на неосновано задолжување, државата се повеќе и повеќе тоне во долгови, кои утре ќе треба да ги враќаат нашите деца. Без постоење на реална причина за задолжување се остава товар на генерациите после 10, 20 или 30 години. Ова задолжување мора да запре. Идните генерации не смеат да го плаќаат расипништвото на картелот на Зоран Заев. Граѓаните заслужуваат подобро, се наведува во партиското соопштение.