ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април

ВМРО-ДПМНЕ веќе во понеделник ќе поднесе Закон за амнестија за лицата од случувањата за 27-ми април, сите лица нормално опфатени по скратена постапка, изјави денеска Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Мислам дека веќе во понеделник ќе го имаат медиумите тој закон кој што е составен од страна нормално склопен од врвни правници кои што учествуваа во градењето и правењето на тој Закон за амнестија за лицата од 27-ми април, вели Арсовски.